Спласнува отокот на ногата, растат шансите Елмас да игра против Австрија

Отокот на глуждот се намали кај Елиф Елмас, тој се чувствува подобро отколку по мечот со Полска во петокот и растат шансите нашиот фудбалски бисер да игра вечерва против Австрија.

Селекторот Игор Ангеловски на вчерашната прес-конференција изјави дека шансите се 30 отсто Елиф да игра против силната селекција на Австрија, но сега, ден подоцна и само на малку повеќе од 10 часа до почетокот на мечот има повеќе надеж дека тој ќе може да стисне заби и да помогне да се освојат бодовите.

Елмас е во топ форма, што ја потврди со настапите за Фенербахче во финишот на турското првенство, но и со игрите за македонската репрезентација.

Ако не биде подготвен за игра, најверојатно на негово место стартер ќе биде Ферхан Хасани.

Мечот од четвртото коло во групата Г за настап на Европското првенство во 2020 година ќе се игра вечерва, од 20.45 часот во Скопје, на арената „Тодор Проески“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести