Според пристигнатите барања за билети: Хрватска ќе има најголема поддршка на ЕП во Германија?

Фудбалскиот сојуз на Германија ги објави податоците за вкупниот број на пристигнати барања за билети на Европското првенство кое ќе се одржи следното лето. Само за финалето во Берлин се пристигнати 2.3 милиони барања, додека за првиот натпревар кој ќе го отвори првенството се пристигнати 1.4 милиони барања.

– “Имаме барања за билети од 206 држави. Најмногу барања има од Хрватска, Албанија и Турција.“ – велат од Фудбалскиот сојуз на Германија.

Голем интерес има и за волонтирање на првенството. До сега се пријавени 145.000 волонтери, а потребни се само 16.000.

- Оглас -

Најнови вести