Според продажбата на дресови – Само кралот на кошарката е пред европската сензација во НБА лигата

Само Кралот Џејмс успеа да го претрка Лука Дончиќ според бројот на продадени дресови преку НБА стор, а податоците што се објавени покажуваат дека и Лос Анџелес лејкерс се број 1 во конкуренција на 30 клуба во најсилната лига на светот.

Податоците се за првиот дел од оваа сезона, а Џејмс води пред Дончиќ, Дурант, Кари и Адетокумбо во Топ-5 според продажбата на нивните дресови.

Понатаму на листата од 15 кошаркари следат Ирвинг, Дејвис, Тејтум, Харден, Вилијамсон, Батлер, Лилард, Ленард, Јанг и Вестбрук.

Во конкуренција на тимови број 1 е актуелниот шампион Лос Анџелес лејкерс, пред Бруклин нетс, Голден стејт вориорс и Бостон селтикс во Топ-5.

 

 

- Оглас -

Најнови вести