Во Џеда ќе се вози и покрај ракетниот напад – Шампионот е топ-фаворит за пол позиција, најтрофејниот стана тотален аутсајдер во Формула 1 (Фото)

Sport Life има одлична понуда за Формула 1 и денеска, а од 18 часот ќе се вози за пол-позиција на трката што имаше жешка предигра.

Трката ќе се одржи, иако само неколку дена претходно во близината на Џеда имаше ракетен напад од јеменските сили и тоа на само десеттина километри од патеката.

Раководството на Ф1, организаторите на трката за Големата награда на Саудиска Арабија и пилотите сепак одлучија трката да се одржи.

Денеска од 18 часот е официјалниот настап во битката за пол-позицијата, а според коефициентите што ги објави Sport Life топ-фаворит е актуелниот шампион Макс Ферстапен со квота 2.00.

Победникот од премиерната трка во Бахреин, Шарл Леклер е веднаш зад него како втор фаворит со коефициент од 2.50, а Карлос Саинц, кој беше втор во Бахреин, сега е трет фаворит со квота 7.00.

Интересно е што 7-кратниот шампион Луис Хамилтон, кој заедно со Михаел Шумахер е најтрофеен во историјата на Формула 1 има огромна квота 25 за да биде прв денеска во битката за пол-позицијата во Џеда.

Во Sport Life можете да се обложувате и на дуели на пилотите во Формула 1 и да типувате кои возачи ќе бидат во Топ-3 денеска во трката за пол-позицијата.

Главната трка е закажана за утре од 19 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести