Спортинг гази, Ристовски и Дост го заборавија минатото (Фото)

Спортинг Лисабон гази сè пред себе во финишот на 2018 година, вторпат во краток рок победи со 5-2, а добрата атмосфера ги расчисти сите проблеми од минатата сезона.

Меѓу нив беше и кавгата од јануари годинава меѓу нашиот репрезентативец Стефан Ристовски и Бас Дост на дуелот против Кова Пиедаде во Португалскиот куп.

Двајцата одлични играчи на Спортинг имаа недоразбирање на теренот, но според реакцијата од вчерашниот дуел, Ристовски и Дост сега се одлични пријатели.

Спортинг го декласира Рио Аве со 5-2 и се пласира во четврт-финалето на Португалскиот куп, а Ристовски влезе како резерва во 81-вата минута. Претходно, десниот бек на тимот од Лисабон влета во теренот да му честита на Дост при постигнувањето на двата гола. Спортинг само три дена претходно со ист резултат од 5-2 го декласира и Насионал, со што се зацврсти зад Порто на второто место со два бода помалку.

Во финишот на ланската сезона, клубот од Лисабон мина низ сериозно искушение откако група навивачи ги нападнаа играчите во тренинг-кампот, а меѓу нападнатите беа и Дост и Ристовски, кои сепак останаа во клубот и сега бележат одлични резултати. И очигледно, според вчерашната реакција, ги надминале и меѓусебните недоразбирања од ланската сезона.

- Оглас -

Најнови вести