Спортинг ги скрати платите на Ристовски и соиграчите

Ваков потег веќе е очекуван ако се знае дека голем дел од европските гиганти веќе спроведоа скратување на платите поради пандемијата со Коронавирусот. И македонскиот репрезенатативец Стефан Ристовски, кој ги брани боите на Спортинг Лисабон заедно со неговите соиграчи ќе зема 40 отсто помала плата за април, мај и јуни.

Управата веќе ги информира играчите дека за споменатите три месеци ќе земаат помали плати со цел да се одржи финансиска стабилност, а од претходно беше најавено дека може да се случи распродажба доколку за секој играч поединечно стигне пристојна понуда.

Во случај сезоната во Португалија да продолжи, управата ќе скрати само 20 отсто од платите, а подоцна примањата ќе им исплатат на рати. До декември ќе им исплатат 10%, додека останатата половина ќе се регулира до јуни 2021 година.

- Оглас -

Најнови вести