Спортинг испиша историја, за првпат ја победи Валенсија во Хихон

Второлигашот Спортинг Хихон ќе патува на реваншот на „Месталја“ со предност од 2-1 против Валенсија во осминафиналето на шпанскиот куп.

Домаќините запишаа историска победа, прва во Хихон против Валенсија во седмиот меч. Досега гостите имаа дури пет победи на „Ел Молинон“ и едно реми, без пораз на гостувањата кај Спортинг.

Дека ќе има прекин на серијата, најави Хавиер Ноблехас со голот во 34-тата минута, но Дани Парехо израмни на 1-1 во финишот на првиот дел. Сепак, за предност пред реваншот закажан за 15-ти јануари се погрижи англискиот интернационалец Ник Блекмен со победнички гол за Спортинг во 79-тата минута.

Ова е трета победа за клубот од Хихон во 13 меча против Валенсија, но прволигашот останува фаворит за пласман во четврт-финалето на популарниот „Копа дел Реј“.

- Оглас -

Најнови вести