Спортска прогноза 12-то пролетно коло: Акцентот ставен на дербијата во Барселона и Торино

Прогнозерите се пред нов, можеби најголем предизвик досега. Да се надмине успешноста од минатото коло, во кое го доделивме вториот мобилен телефон Samsung galaxy A6, додека вкупно осум прогнозери ќе добијат ваучери од Sport life обложувалнициНовото, 12-то коло коло на Спортска прогноза е веќе достапно за прогнозирање, во понудата се 13 нови парови со кои може да се стигна до „Среќна 13-ка“, односно до главната награда iPhone XS.

Има доста интересни дуели од најквалитетните фудбалски лиги во Европа, но најмногу внимание ќе се посвети на дербијата кои се играат во Барселона, односно Торино.

Меси и дружината на „Камп ноу“ го пречекуваат Атлетико Мадрид, меч во рамките на 31-вото коло. Ова дерби може да биде одлучувачко кога станува збор за трката за шампионската титула. Барса има 10 бода предност во однос на „јорганџиите“, што значи дека со победа ќе бидат на чекор од одбрана на титулата во Шпанија. Дуелот Барселона – Атлетико Мадрид е закажан за сабота, во вечерниот термин од 20:45 часот.

Во Торино, пак, шампионот Јувентус го пречекува Милан, тоа дерби ќе го одбележи 31-вото коло во Серија А. И таму нема многу дилеми околу борбата за титулата, екипата на Макс Алегри убедливо е на првото место со 15 бода повеќе од второпласираниот Наполи, но секогаш е убаво да се слави во дерби, против една од најуспешните италијански екипи. Средбата на „Алијанц стадионот“ ќе се одигра во сабота, во 18 часот.

Ова коло на Спортската прогноза ви го нуди овој меч да го типувате како дел од „Среќна 13-ка“. Доколку успеете да ги погодите сите 13 понудени парови, ќе бидете добитник на мобилен телефон iPhone XS. Мобилен телефон се добива и со едно утнато. Точно прогнозирани 12 парови ќе ве одведат до Samsung Galaxy A6 2018.

И со 11 и 10 погодоци сте добитни. Тие ви носат вредносни ваучери од по 500 и 200 денари од Sport Life обложувалници. Затоа, играјте Спортска проноза и очекувајте да добиете вредни подароци.

Колку сте поредовни играчи на Спортска прогноза, толку ви се поголеми и шансите да бидете меѓу најдобрите во Генералниот пласман, каде што исто така се доделуваат вредни подароци на крајот од сезоната.

- Оглас -

Најнови вести