Спортска прогноза: Викендов може да се реши титулата во Холандија

Меѓу повеќето дерби-дуели кои се играат викендов во фудбалска Европа, еден од најинтересните треба да биде тој во Амстердам. Популарното „Класико“ ќе се игра по 167-ми пат, а ривалитетот е започнат во далечната 1931 година. Ајакс има 74 победи, додека ПСВ се радувал 12 пати помалку.

Двата најтрофејни клуба во Холандија и оваа година се борат за титулата. Ајакс е рекордер со 33 трофеи во домашниот шампионат, а ПСВ има 24 титули. Сепак, сезонава во подобра ситуација е тимот од Ајндховен. По 26 одиграни меча, ПСВ е лидер со 67 бодови, додека Ајакс има пет помалку. Со оглед на тоа дека ПСВ сезонава загуби само еднаш, а четирипати ремизираше, доколку гостите останат непоразени на „Амстердам арена“, ќе направат голем чекор кон освојување на титулата. На Ајакс му е потребна победа за да стигне до два бода зад големиот ривал.

Ова коло на Спортската прогноза ви го нуди овој меч да го типувате како дел од „Среќна 13-ка“. Доколку успеете да ги погодите сите 13 понудени парови, ќе бидете добитник на мобилен телефон iPhone XS. Мобилен телефон се добива и со едно утнато. Точно прогнозирани 12 парови ќе ве одведат до Samsung Galaxy A6 2018i.

И со 11 и 10 погодоци сте добитни. Тие ви носат вредносни ваучери од по 500 и 200 денари од Sport Life обложувалниците. Затоа, играјте Спортска проноза и очекувајте да добиете вредни подароци.

Колку сте поредовни играчи на Спортска прогноза, толку ви се поголеми и шансите да бидете меѓу најдобрите во Генералниот пласман, каде што исто така се доделуваат вредни подароци на крајот од сезоната.

 

- Оглас -

Најнови вести