Спортска прогноза: Ајндховен на еден прогнозер може да му донесе Samsung A6

По две лоши кола во кои немаше добитници ниту на ваучери од Sport Life, викендов учесниците на Спортската прогноза на Спорт Манија беа многу поуспешни и има шанса да биде доделена една од двете највредни награди, мобилен телефон Samsung A6 2018.

Потенцијалниот добитник на телефонот е Влатко Михајловски, кој утна само еден од 12-те меча кои се играа во саботата и неделата. Влатко прогнозираше дека Севилја ќе ја победи Валенсија, а натпреварот заврши со победа на гостите.

За Влатко да добие телефон, има само уште еден услов, Ајндховен да го совлада Ос, во меч од втората холандска лига. Со тоа Михајловски би имал 12 погодоци и заслужено би ја добил втората награда. Досега единствен прогнозер кој добил телефон за 12 погодоци е Игор Данилов, кој и во ова коло е доста добар, но утна два пара и не е во игра за телефон, но ќе добие ваучер од 200 или 500 денари. И Васко Миндев ќе добие ваучер од Sport Life, а уште 11 прогнозери се со шанса да добијат ваучер од 200 денари. И Игор и Васко сметаа дека Севилја ќе победи, но се излажаа, па екипата на Валенсија е највиновна што нема да има повеќе потенцијални добитници на главните награди.

Колку добитници на награди ќе има, зависи од исходот на мечот во Холандија. Ајндховен е на 13-тото место, додека Ос е шести. Последните два меча помеѓу овие тимови во Ајндховен завршија со победи на Ос од 3-1 и 2-1, а пред тоа шестпати се радуваа домашните. Екипата на Ајндховен во претходниот меч на свој терен на 22 март го растури Дордрехт со огромни 8-1. Ос на гости не победил од 25 февруари.

Погледнете ја листата на најуспешните прогнозери по викенд-натпреварите:

Име12111X2X211X12
Vlatko Mihajlovski12111X2X111X12111
Igor Danilov1211122X111X1X110
Vasko Mindev11111X2X111X12110
Nela Martinovska22111X2X1112XX19
Matej Gorgievski12112X2X11111119
Natasa Vasileva221X1X2X2112XX29
Атанас Крунтовски12111X11111X1119
Biljana Jonovska121X1X21111X1219
Jovan Nazov11111XXX111X1219
Dimitar Kocev12X11X21111X2X19
Rade Dimitrov1X111X1X111X1219
Kalev IgorXX111X2X111X12X9
Dime Stefanov1XX11X2X111XX2X9
Klarenceto Ristevska1X211X21211XX219
- Оглас -

Најнови вести