Спортска прогноза: Богата традиција негуваат Евертон и Јунајтед

Можеби не е ривалство кое може да се мери со титули, но Евертон и Манчестер јунајтед негуваат долга и богата традиција која трае повеќе од 100 години. Ако се сметаат мечевите во сите натпреварувања, точно 200 пати Евертон и Јунајтед ги одмериле силите низ историјата, а „црвените ѓаволи“ имаат подобар биланс со 88 победи, додека „карамелите“ се радувале 69 пати, а 43 меча завршиле без победник.

Најголемата победа на Евертон против Јунајтед е 5-0, остварена во далечната сезона 1913/14, додека „ѓаволите“ на „Гудисон“ се радувале со високи 2-6 во 1978 година.

Во изминативе неколку години доминира екипата од Манчестер. Во осум последователни натпревари останале непоразени, односно издвоиле шест победи и две ремија, а Евертон за последен пат славеше во април 2015 година, токму пред свои навивачи со конечни 2-0.

Двете екипи имаат за што да се борат, покрај предвидените три бода. Избраниците на Солскјер се во мисија да бидат во топ 4 и да обезбедат пласман во Лигата на шампионите за следната сезона, додека Евертон го посакува седмото место за поголема заработка од кочениот пласман во Премиер лигата.

Во минатото коло за малку не беше доделен мобилниот телефон Samsung Galaxy A6 2018, кој се доделува за 12 погодоци. Максимални 13 погодоци, односно „Среќна 13-ка“ носи мобилен телефон iPhone XS.

Сите редовни играчи не смее да го пропуштат колото за да останат со поголеми шанси во трката за Генерален пласман, каде што, исто така, има подароци за најдобрите.

 

 

- Оглас -

Најнови вести