Спортска прогноза: Коло без главната награда, но со пет утешни

Спортската прогноза во 2020 година тргна доста успешно ако се земе предвид дека дури пет прогнозери од вкупно 1.185 кои учествуваа во 18-тото коло, ќе добијат ваучери од Spor Life во вредност од 500 денари.

Ренато, Владо, Јакуп, Сашо и Бобан се прогнозерите кои погодија по 11 од вкупно 13-те парови кои беа во понудата за овој викенд. За нив следуваат ваучерите од 500 денари и токму затоа ова коло беше солидно со типување во однос на останатите.

Главната награда, iPhone XS, остана недостижна за две погрешни прогнози, а дури четворица од добитниците погрешно типуваа еден ист меч. Сент Етјен – Нант е дуелот кој речиси никој не очекуваше дека ќе заврши со победа на гостите.

Напоредно продолжува битката во Генералниот пласман, а веќе имаме прогнозер кој почна постепено да се двои од останатите. Т. Христијан е прогнозерот кој стои на врвот на табелата по 18 кола со вкупно 132 прогнози.

Зад него се: Б. Славе со 129, И. Петре и Д. Никола имаат по 128, додека петтата позиција ја држи Т. Благоја со 124 прогнози, исто колку што има и З. Петар. Како што е веќе познато, во Генералниот пласман главната добивка е Смарт ТВ од 48 инчи, а и останатите награди се доста примамливи.

Новото на Спортска прогноза ќе биде достапно за прогнозирање од утре, по 14 часот.

- Оглас -

Најнови вести