Спортска прогноза: „Лалињата“ пак ќе цветаат против Германија

Холанѓаните се виновни што Германија претрпе елиминација од Сегментот А во Лигата на нациите, па сега ќе се обидат да им ги расипат плановите и во првиот квалификациски циклус за ЕП 2020. Во десеттото пролетно коло на Спортска прогноза, дуелот Холандија – Германија се смета за највозбудливото дерби, а сигурно ќе биде парот кој најмногу ќе ги натера прогнозерите да се замислат пред да ја дадат својата конечна прогноза.

Во двата меѓусебни меча кои се одиграа во Лигата на нациите, подобар учинок издвоија „лалињата“. Прво во Амстердам славеа со убедливи 3-0, а потоа се изборија за реми од 2-2 во возвратниот дуел кој се одигра во Гелзенкирхен. Покрај тие два слаби резултати, Германија загуби и од Франција, а вчера во пријателската пресметка против Србија ремизираа со 1-1. Колку всушност е во лоша форма светскиот првак од 2014 година, говори победата над Русија (3-0) во контролен меч, што е нивен единствен позитивен исход од последните пет меча.

Ако се земат предвид пријателските натпвревари од крајот на март 2018 година, Холандија претрпе само два порази во вкупно 10 средби. Едниот е од Англија, во контролка со минимални 1-0, додека против „триколорите“ загубија во Лигата на нациите, а бројат и четири победи и четири ремија. „Лалињата“ од денес го започнуваат походот во квалификациите за ЕП 2020, дуелот на домашен терен против Белорусија ќе служи како загревање за неделниот меч (20:45 часот) против подмладената селекција на Германија.

Мобилните телефони iPhone XS и Samsung Galaxy A6 се главните мотиви да ја играте Спортската прогноза на Спорт Манија. „Среќна 13-ка“ носи  iPhone XS, а со еден утнат меч може да се освои Samsung Galaxy A6. Вредносни ваучери од Sport Life се добиваат за 11 и 10 погодени мечеви.

Прогнозирајте 13 + 2 натпревари (двата дополнителни пара се резервни во случај на одложен или за прекинат натпревар од главните 13) секој вторник до почетокот на првиот натпревар.

- Оглас -

Најнови вести