Спортска прогноза: Ливерпул ја заврши работата во ЛШ, сега на ред е дербито со Челзи

Ливерпул речиси три децении мечтае за освојување на титулата во англиското првенство. Гигантот кој има 18 шампионски трофеи никогаш не се радувал од формирањето на Премиер лигата. Сега, Ливерпул е лидер на табелата со 82 бода, два повеќе од Манчестер сити, кој има и меч помалку.

На „Енфилд роуд“ викендов ќе гостува Челзи, во дербито кое може многу да реши околу трката за титулата. Ливерпул е во одлична форма, а тоа го покажа и со победата од 2-0 против Порто во четвртфиналето од ЛШ. Тимот на Јирген Клоп нема пораз дури 15 средби, но овојпат не само што не смее да загуби, туку Ливерпул мора да ги брка трите бода.

Челзи еднаш се покажа како кошмарен за Ливерпул, кога во меч кој решаваше за титулата, легендарниот капитен на „црвените“, Стивен Џерард, се лизна и по тој кикс, противникот даде гол, а Ливерпул остана без трофејот.

Дали сега ќе биде нешто слично или ќе има реванш на домаќините, може да прогнозирате во новото коло на Спортска прогноза. Дербито е само еден од 13-те натпревари кои се понудени за освојување „Среќна 13-ка“, која може да ви донесе мобилен телефон iPhone XS. И со еден утнат пар се добива мобилен телефон, и тоа Samsung Galaxy A6 2018.

Добивки има и за тие со 11 и 10 погодоци, а тоа се вредносни ваучери од Sport Life обложувалниците од по 500 и 200 денари. Играњето Спортска прогноза е бесплатно и со прогнозирањето може само да добиете.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести