Спортска прогноза: Милан се залета, но дали ќе го победи Торино?

Минатата недела Милан ги израдува своите навивачи победувајќи ја Парма со 2-1. Благодарение на трите бода, но и на поразот на Лацио, „росонерите“ конечно успеаја да се најдат на четвртото место во Серија А, кое води во Лигата на шампионите. Иако има уште многу да се игра, оваа четврта позиција е една од најпосакуваните, ако се знае дека првото место уште од сега е речиси сигурно резервирано за Јувентус.

Следниот предизвик на Милан е средбата против Торино на „Сан Сиро“. Токму овој меч е и еден од 12-те кои се на понудата на Спортска прогноза во новото коло. Милан е речиси непогрешлив на свој терен сезонава. Во седум дуели има пет победи и по едно реми и пораз. „Росонерите“ се и фаворити против Торино, но и гостите имаат свој адут. Торино и Јувентус се единствените два тима без пораз на гостински терен. Нивниот боланс на гости е две победи и пет нерешени, па ќе биде многу интересно да се види дали ќе продолжи таа серија и по гостувањето на „Сан Сиро“.

Сите играчи на Спортска прогноза ќе имаат можност до почетокот на Барнли – Брајтон во сабота, во 16 часот, да ги дадат своите прогнози на понудените 12 мечеви. Понудата за ова коло е на дуели од топ 5 земјите каде што се игра најдобар фудбал во Европа.

Дали токму овој викенд ќе имаме перфектен прогнозер, останува да чекаме до понеделник, кога ќе се одигра и последниот меч од ова коло меѓу Евертон и Ватфорд во 21 часот. Секако, ќе има и вредносни ваучери за сите кои до крајот на викендот ќе погодат 11, 10 или 9 парови на СПОРТСКА ПРОГНОЗА.

По успешната прогноза ќе ви се прикажат вашите типувања. Сите прогнози за тековното коло, вклучувајќи ја и вашата, можете да ги погледнете тука.

 

- Оглас -

Најнови вести