Спортска прогноза: Новото коло полно со дерби-натпревари

Новото, трето коло на Спортска прогноза нуди 13+2 интересни фудбалски дуели за претстојниот викенд. Меѓу нив, вистински предизвик за прогнозерите ќе бидат шесте дерби-пресметки, како Милан – Интер, Челзи – Ливерпул, Севилја – Реал Мадрид, Лион – ПСЖ, ПСВ Ајндховен – Ајакс, како и градското дерби Партизан – Црвена ѕвезда. Останатите може да ги проверите на Sport Life.

Двата резервни натпревари се Ним – Тулуз и Вест хем – Манчестер јунајтед.

Досега не се најде прогнозер кој успеал да ги погоди сите 13 парови за да дојде до главната награда iPhone XS. Меѓутоа, во претходното коло се виде дека клупскиот фудбал повеќе им одговара на нашите прогнозери, по што имавме двајца добитници на ваучери од 500 денари.

Прогнозирањето во третото коло е достапно од денес, 14 часот, а ќе се затвори со стартот на првиот натпревар во сабота (16 часот). Последниот меч се игра во понеделник навечер, во 20:30 часот.

Како што е веќе познато, првата награда за погодени 13 парови во основната понуда во секое коло ќе биде мобилен телефон iPhone XS. Втората награда за 12 погодени парови е ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, а за единаесетка ваучер од 500 денари. Ќе има награди и изненадувања и во Генералниот пласман за најуспешните прогнозери, па затоа е важно да се учествува од самиот старт и да се биде редовен прогнозер.

- Оглас -

Најнови вести