Спортска прогноза нуди неколку „лесни“ мечеви, крајот на 2020 може да го дочекате со подарок

Шеснаесеттото коло на Спортска прогноза, последно за 2020 година, нуди мечеви од повеќе лиги, но доминираат англиските кои се омилени кај прогнозерите, а според процентите на оние играчи кои веќе типуваа, во „Среќна 13-ка“ има неколку парови кај кои има големи фаворити кои ако не киксираат, ве доближуваат до премијата, „ајфон 11“.

Во фокусот ќе биде лондонското дерби меѓу Арсенал и Челзи. Речиси две третини од прогнозерите кои досега се изјаснија, им даваат предност на Сините.

Освен дуелите во Премиер лигата, викендов се играат мечеви и во Белгија, Турција, Шкотска, втората лига во Италија, па ова коло ќе биде посебно интересно.

Почетокот на натпреварите и крајниот рок за вашите прогнози е 13.30 часот во сабота. Од Премиер лигата има шест натпревари, што е предизвик, особено за фановите на островскиот фудбал да се обидат прецизно да ги погодат исходите на дуелите во битката за главната премија. Тука е и натпреварот од Чемпионшип меѓу Нотингам форест и Бирмингам и шкотската пресметка меѓу Данди јунатед и Мадервел, што го комплетира октетот од Велика Британија во нашата понуда во 16-тото коло на Спортска прогноза.

Важно е да се погодат и двата резервни пара, а и тие во ова коло се од Премиер лигата и се бројат за Генералниот пласман. Во минатото коло дури 23-ца прогнозери веќе ја минаа котата од 100 поени, а разликата меѓу лидерот и прогнозерите во Топ-10 е само три поени, што најавува битка до последен здив за трет шампион на Спортска прогноза.

На крајот на сезоната најдобриот прогнозер ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи, а ќе има награди и за следните четворица најдобропласирани во Генералниот пласман.

Подароци има и за 12 и 11 погодоци во секое коло, а тоа се вредносни ваучери од по 1.000 и 500 денари во Sport Life. Не чекајте многу и прогнозирајте!

- Оглас -

Најнови вести