Спортска прогноза: Очекувате ли нова радост на Македонија против Словенија?

Македонската фудбалска репрезентација синоќа со победа ги стартуваше квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски со 3-1 ја победија Летонија, резултат по којшто Македонија е лидер по првото коло во групата Г.

Следниот противник за „црвено-жолтите“ ќе биде Словенија. Тоа е селекцијата против која пред повеќе од две и пол децении го одигравме првиот меч и победивме со 4-1 на гостувањето во Крањ. Од таа средба до денеска, Македонија и Словенија играле вкупно четири пати, а ние сме се радувале на три победи, додека Словенците имаат еден триумф.

Покрај традицијата, на страната на Македонија е и моменталната форма, односно резултатите на последните одиграни средби. На последните седум натпревари, Македонија има шест победи и само еден пораз, додека Словенија е очајна. Во последните седум средби, Словенците четирипати ремизирале, а трипати загубиле. Последната победа им е уште од јуни минатата година.

Сите овие показатели за дуелот Словенија – Македонија најавуваат дека може да очекуваме позитивен резултат на неделниот меч во Љубљана, во рамките од второто коло од квалификациите за ЕП 2020. За да биде поинтересен за гледање и да навивате за Македонија, играјте Спортска прогноза, бидејќи токму овој дуел е еден од 13-те одбрани за прогнозирање во ова коло.

Покрај мечот во Љубљана, на понудата за „Среќна 13-ка“ има уште 12 репрезентативни дуели кои ќе се играат во наредните три дена. Со погодени 13 мечеви, ќе освоите мобилен телефон iPhone XS, додека само еден промашен пар ве носи до мобилен телефон Samsung Galaxy A6. Секако тука се и вредносните ваучери од Sport Life обложувалниците за 11 и 10 погодоци.

Освен за тековното коло, редовно играње на Спортска прогноза ќе ви донесе подобар пласман во Генералниот пласман, каде се сумираат освоените бодови од сите кола, а најдобрите на крај ќе бидат наградени.

- Оглас -

Најнови вести