Спортска прогноза: Предизвик ќе биде да се погоди исходот на неделниот дуел во Стокхолм

Новото, десетто коло на Спортската прогноза се отвора в сабота, во 18 часот, кога почнува дуелот меѓу Шведска и Романија. Ова е дуел од групата Ф, во која главен фаворит е Шпанија, а тука се и Норвешка, Малта и Фарски Острови, кои ќе се обидат да им ги замрсат сметките на Швеѓаните и Романците околу освојувањето на втората позиција, која води на Евро 2020.

Мечот се игра на „Френдс арената“ во Стокхолм, а колку домашните ќе бидат пријателски расположени кон балканската селекција, останува да се види в сабота. Тоа ќе биде прв меч за овие два тима во циклусот.

Репрезентацијата на Романија играше добро во Лигата на нациите (не загуби ниту еден дуел, а ривали ѝ беа Србија, Црна Гора и Литванија), а последниот пораз ѝ е во ноември 2017 година, на пријателскиот меч со Холандија. На Шведска последните два порази ѝ се на домашен терен, во пријателска со Финска и во првото коло на Лигата на нациите против Турција.

Според квотите во обложувалниците Sport Life, Шведска е фаворит, „кецот“ е со коефициент 1.80, двојката е 4.85, а за нерешено 3.30. Романија еднаш гостувала во Финска, и тоа пред 36 години, и победи со 1-0, а истиот резултат беше и лани на контролна средба во Крајова.

Мобилните телефони iPhone XS и Samsung Galaxy A6 се главните мотиви да ја играте Спортската прогноза на Спорт Манија. „Среќна 13-ка“ носи  iPhone XS, а со еден утнат меч може да се освои Samsung Galaxy A6. Вредносни ваучери од Sport Life се добиваат за 11 и 10 погодени мечеви.

Освен наградите за тековното коло, причина за да не се пропушти прогнозирање ниту еден викенд се и наградите коишто се доделуваат во Генералниот пласман.

- Оглас -

Најнови вести