Спортска прогноза: Прогнозерите не му даваат шанса на Арсенал во градското дерби

Градското дерби во Северен Лондон меѓу Тотенхем и Арсенал е меѓу 13-те парови во најновото, 13-то коло на Спортска прогноза.

Дуелот меѓу лутите ривали е предвиден за во недела, од 17:30 часот, а голем дел од прогнозерите кои веќе го приложија учеството не му даваат шанса на тимот од „Емирати“ со оглед на моменталната форма. Речиси 80% од досегашните учесници се потпреа на триумф на Петлите на Жозе Мурињо, кои се претенденти за титулата во Премиер лигата.

Нормално, за да се добие главната награда „ајфон11“, потребно е да ги погодите и останатите 12 од основната понуда на популарната „Тринаесетка“. Тука се и стандардните два резервни пара кои се сметаат за Генералниот пласман.

Стандардно за погодени 12 натпревари се доделуваат ваучери во вредност од 1.000 денари, а со две утки добивате ваучер од 500 денари што може да се искористи за добитен тикет во Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести