Спортска прогноза: Севилја не си поминува добро на „Месталја“

Севилја во минатото коло одигра нерешено на гостувањето кај Алавес и го загуби лидерството на табелата во шпанската Примера, а сега повторно е исправена пред сериозен тест. Иако Валенсија е само 14-та на табелата по 14 одиграни кола, станува збор за тим кој учествува во Лигата на шампионите и никој не смее да ја потцени, особено кога игра на „Месталја“.

По 14 меча, Валенсија има дури осум нерешени резултати и гол-разлика 11-11. Но, во последните четири кола ниту еднаш не одигра нерешено, последното освојување на бод го имаше на 27-ми октомври.

Кај Севилја, ситуацијата е поинаква. Има осум победи, а сами три ремија (само Реал Мадрид има помалку нерешени), па затоа е втора на табелата. Последниот лигашки пораз ѝ беше на 20-ти октомври, на гости кај Барселона.

Традицијата во меѓусебните дуели ја фаворизира Валенсија. Последната гостинска победа на Севилја на „Месталја“ датира од февруари 2012 година. Во минатата сезона, Валенсија славеше двапати, со вкупна гол-разлика од 6:0. Севилја две години нема дадено гол против Валенсија.

Понудата за ова коло е составена од 12 меча од петте земји со највалитетен клупски фудбал во Европа. Сите играчи на Спортска прогноза ќе имаат можност да прогнозираат до почетокот на средбата Барнли – Брајтон, кој се игра во сабота, од 16 часот. Во понеделник ќе се знае дали ќе има прогнозер(и) со погодени 12 парови и ќе станат први добитници на главната наградам телефон „самсунг А6“.

Секако, ќе има и вредносни ваучери за сите кои до крајот на викендот ќе погодат 11, 10 или 9 парови на СПОРТСКА ПРОГНОЗА.

По успешната прогноза ќе ви се прикажат вашите типувања. Сите прогнози за тековното коло, вклучувајќи ја и вашата, можете да ги погледнете тука.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести