Спортска прогноза за крај на 2019 со шарм на најстарото европско дерби

Селтик и Глазгов ренџерс ќе го продолжат големото ривалство што се протега во три века, а 420-тиот фудбалски дуел за Глазгов се наоѓа во фокусот и во 17-тото коло на Спортската прогноза.

Ова е последна рунда на нашата бесплатна игра во 2019 година, а како шлаг е новото „Олд фирм“ дерби, најстаро во Европа кога се работи за дуели на вечни ривали од ист град.

Возбудата секогаш кулминира, не само во Шкотска, кога играат екипите што имаат огромен ривалитет, традиција, континуитет, реноме и слава во шкотскиот фудбал. Првпат меѓу себе Селтик и Глазгов ренџерс играле на 28 мај во 1888 година, а популарните Келти победиле со 5:2.

Моментно Ренџерс имаат две победи повеќе од ривалот, односно билансот е 161:159 за Глазгов ренџерс против Селтик со 99 ремија. Можеби е време за 100-та „нула“, но изборот е ваш во колото на Спортска прогноза што е во тек.

За вас подготвивме уште 12 двојки во основната програма, плус две резерви, а можност да типувате имате до сабота, до 16 часот.

Ова коло на Спортска прогноза е раритет бидејќи сите 15 парови се од лигите од Велика Британија. На Островот фудбалот не мирува, бубамарата ќе се тркала и претпразнично, непосредно пред Нова Година, што е можност и за учесниците во нашата бесплатна игра да си подарат IPhoneXS за новогодишните празници.

Потребно е да ги погодите сите 13 пара од основната програма и прекрасниот мобилен телефон што го доделува Sport Life ќе биде ваш. Следното коло на Спортска прогноза ќе го организираме за божиќните и бадниковите празници, а дотогаш имате време да прогнозирате до сабота во актуелното 17-то коло на Спортска прогноза.

 

- Оглас -

Најнови вести