Спортска прогноза ви нуди да изберете дали ќе го слушате срцето или разумот

Во тек е прогнозирањето за 11-тото коло на Спортската прогноза што ја организираат Спорт Манија и Sport Life, а своите типови можете да ги ставате до сабота, до 18 часот.

Овојпат во прв план се репрезентациите и квалификациските мечеви за пласман на Европското првенство, но и уште неколку дуели што се играат во рамките на други натпреварувања.

Ова коло е тест за прогнозерите да се види колку веруваат во репрезентацијата на Македонија, која има тешко гостување кај Австрија. Дел од прогнозерите типуваа на Македонија и на гостувањето кај Полска, прогнозерите знаеја да уплатат и на триумф на Македонија на Евровизија или на одбојкарски мечеви на ЕП кога бевме потценувани. Ваше е да одберете дали ќе прогнозирате на „сигурно“ и победа на Австрија или сепак верувате дека момците на селекторот Игор Ангеловски се способни да ја расипат забавата во Виена. На Австријците им е доволен и еден бод за да се пласираат на Европското првенство во 2020 година.

Премијата што ја доделува Sport Life за секое коло е прекрасниот мобилен телефон IPhone XS, за којшто треба да се погодат сите 13 парови од основната програма.

Секако, треба да се внимава и на двете резервните двојки кои носат поени во битката за Генерален пласман и главната премија ТВ Смарт од 48 инчи.

Сите учесници имаат шанса, а не е доцна да се вклучите и вие со ваши прогнози бидејќи за секое коло има посебни награди кои се многу примамливи. Веќе знаете дека играта е бесплатна, а единствен услов е да имате СЛ картичка од Sport Life.

 


- Оглас -

Најнови вести