Спортска прогноза: Во градско дерби нема фаворити, така е и во Севилја

Меѓу неколкуте дербија кои ќе го одбележат новото коло на Спортската прогноза на Спорт Манија, големо внимание привлекува и она градското во Севилја, помеѓу Севилја и Реал Бетис.

Капитенот на Бетис, Хоакин Санчес, по 22-ри пат ќе игра против Севилја и најдобро знае што значи градското дерби.

„Градските дербија се мечеви во кои нема фаворити. Се игра со срце, мотивацијата е на максимум. Така ќе биде и в сабота. Јас исто се чувствувам сега и пред првото дерби“, вели 37-годишното крило.

Во минатата сезона, Бетис славеше на „Рамон Санчес Писхуан“ со спектакуларни 5-3. Во меѓусебните дуели, последен пат нерешено било во декември 2015 година, кога Бетис ја имаше улогата на домаќин и тоа е единствен меч во последните десет години на кој немало погодок.

Севилја е петта и се обидува да го престигне четвртиот Хетафе и да се најде во позиција за директен пласман во Лигата на шампионите. Бетис е деветти и ако победи, може да се вмеша во трката за шестата позиција која води во квалификациите за Лигата на Европа.

Во минатото коло за влакно избега да биде доделен мобилниот телефон Samsung Galaxy A6 2018, кој се доделува за 12 погодоци. Максимални 13 погодоци, односно „Среќна 13-ка“ носи мобилен телефон iPhone XS.

Сите редовни играчи не смее да го пропуштат колото за да останат со поголеми шанси во трката за Генерален пласман, каде што исто така има подароци за најдобрите.

 

- Оглас -

Најнови вести