Спортска прогноза: Во новото коло има неколку возбудливи дуели

Последното, седмо коло колку-толку донесе среќа, имавме еден прогнозер со 11 погодени парови од вкупно 13, па си доби ваучер од Sport Life во вредност од 500 денари. Новото коло на Спортска прогноза е достапно од овој момент, 14 часот, а време за прогнозирање на новите 13 парови има до сабота, до 15:30 часот.

Меѓу поинтересните средби, кои несомнено може да се наречат дербија, се: Шалке – Б. Дортмунд, Ливерпул – Тотенхем, Рома – Милан, а токму овие дуели ќе бидат предизвикот за да се стигне до главната и примамлина награда iPhone XS. Токму со дербито во Гелзенкирхен ќе заврши периодот за прогнозирање. Тој дуел е закажан за сабота, во 15:30 часот. Во сабота има уште четири меча од петте најатрактивни лиги во Европа, за недела се предвидени уште седум дуели, додека за понеделник останува да се чека мечот меѓу Башакшехир и Трабзонспор.

Двата резервни натпревари кои се сметаат во Генералниот пласман се Валјадолид – Еибар (сабота, 18:30ч) и во недела Менхенгладбах – Ајнтрахт Ф. (недела, 18:00ч).

Потсетување дека прогнозерот што ќе ги погоди сите 13 двојки од основната програма, ќе добие прекрасен мобилен телефон iPhone XS. За 12 погодени се добива ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, а 500 денари ваучер од Sport Life е наградата за прогнозерите што ќе имаат 11 погодени парови од основната програма.

Најдобриот прогнозер во Генералниот пласман на крајот на сезоната ќе добие смарт ТВ од 48 инчи, вицешампионот ќе биде награден со 500.000 SL маркет поени, а до петтото место наградите се движат од 400.000 SL маркет поени, потоа 300.000, односно 200.000 поени за прогнозерот што ќе го затвори кругот во Топ 5.

 

- Оглас -

Најнови вести