Коло на Спортска прогноза што не се пропушта – Врие од дерби дуели, решете ја Тринаесетката за „ајфон 11“

Колото на Спортска прогноза со реден број 35 во третата сезона на бесплатната игра едноставно не се пропушта, бидејќи е верoјатно и најинтересното досега со многу дерби дуели и во финиш на првенствата.

Се одлучува за шампионските титули, за опстанок, за излез во Европа, има епитети на меч на сезоната, особено за шпанското мега-дерби меѓу Барселона и Атлетико Мадрид, денеска од 16.15 часот.

Тој дуел е шлаг на целата сезона во Ла Лига, нерешено не им одговара ниту на домаќините, ниту на гостинот од Мадрид, што на некој начин ја олсенува и задачата на прогнозерите.

Шпанската фиеста ќе продолжи утре со нов мега-дуел меѓу Реал Мадрид и Севилја, во коло што на магичен начин донесе дуели на четирите најдобри екипи во Шпанија.

И двата дуели се на менито на Спортска прогноза во 35-тото коло што е во тек за прогнозирање и можете со свои типови да се приклучите до денеска до 15 часот.

Во фокусот ќе бидат и германскиот дуел меѓу Борусија Дортмунд и Лајпциг, Манчестер сити против Челзи и, секако, италијанското дерби меѓу Јувентус и Милан за настап во Лигата на шампионите.

Наградата за погодена Тринесетка е одлична и ви носи „ајфон 11“, а ќе има и награди и за две, односно едно промашување.

За погодени 12 парови Sport Life ве наградува со ваучер од 1.000 денари, а две утки ви носат ваучер од 500 денари. Колото е претпоследно за оваа сезона, играта е забавна и бесплатна со многу награди, а учеството е едноставно.

Ви треба само СЛ картичка од Sport Life и добра тактика за да се погоди Тринаесетката во коло што е специјално i со многу дерби дуели во Топ-5 лигите во Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести