Срамно од Динамо Загреб – Адеми има договорен трансфер, клубот не го пушта

Динамо Загреб се однесува срамно кон својот капитен Аријан Адеми и не го пушта да си замине од клубот, во кој е речиси 13 години и во кој има статус на легенда.

Вакви се претежно реакциите во хрватската јавност по одлуката на Динамо Загреб, односно на новиот спортски директор, Анте Чачиќ, да не му дозволи на македонскиот репрезентативец да направи трансфер во Адана Демирспор што веќе му е договорен.

Адеми има конкретна понуда од турскиот клуб, но Динамо сака да го продолжи договорот со него, со објаснување дека 31-годишниот играч му е непоходен на клубот.

Адеми е во Динамо од 2010 година, а ситуацијата не е едноставна бидејќи тој инсистира да си замине, а зад него стојат со поддршка и неговите соиграчи.

Ако сепак испадне сè во најдобар ред и според желбите на Аријан, тој ќе игра во Адана Демирспор со уште еден наш репрезентативец, но младински, Јован Манев.

- Оглас -

Најнови вести