Србија без ѕвездата на НБА на почетокот на Мундобаскетот

Репрезентацијата на Србија ќе биде без Немања Бјелица на првиот меч од Светското кошаркарско првенство. Селекторот Александар Ѓорѓевиќ откри дека Бјелица нема да игра против Ангола во дуелот со кој ќе се отвори шампионатот. Ѕвездата на НБА-тимот на Сакраменто има хронична повреда на коленото и подобро е да не игра во дуелот на кој Србите се големи фаворити.

„Утре ќе бидеме без Бјелица. Тој утре ќе одработи еден силен тренинг, па ќе видиме како ќе биде. Да беше некој многу значаен меч, сигурно ќе ми речеше дека може да игра. Вака, подобро е да бидеме внимателни и да ги штедиме силите“, рече селекторот на Србија, Ѓорѓевиќ.

Oсвен дуелот меѓу Србија и Ангола, утре се играат уште седум меча на Мундобаскетот. Комплетната понуда може да ја погледнете на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести