Србија е во тага: Кошаркар почина од мозочен удар

Српскиот репрезентативец Стеван Јеловац на 32 годишна возраст почина од мозочен удар.

Членот на грчкиот клуб АЕК пред околу две седмици доживеа мозочен удар на еден од тренинзите на својот тим.

Јеловац на барање на неговата фамилија пред неколку дена беше донесен на лекување кај нашиот северен сосед, но на крајот не успеа да преживее.

Тој своевремено играше во Црвена ѕвезда, додека во АЕК пристигна од екипата на Нео Феникс од Јапонија.

Стеван своевремено играше за Србија, а последните активности во репрезентацијата му беа во 2019 година, кога играше за националниот тим во квалификациите за СП.

- Оглас -

Најнови вести