Србија го откри проектот за стадион на кој би сакале да се игра и финале во Лигата на шампионите (фото)

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека наскоро ќе започне изградбата на Националниот стадион. Според Вучиќ, работите околу стадионот ќе започнат за два месеца, а стадионот ќе биде меѓу Нов Белград и Сурчин.

Локацијата на стадионот е за да биде блиску до аеродромот, а сепак блиску и до градот.

„Ќе изградиме најмодерен отворен, транспарентен стадион околу кој ќе има многу зеленило. Ќе има капацитет од 52.000 гледачи и ќе биде еден од најубавите во светот, не само во Европа. Наскоро ќе тргнеме со изградба на стадиони и во Крагуевац и Ниш“, изјави Вучиќ.

- Оглас -

Најнови вести