Србија не ја дава ватерполо круната, ќе има финале што никој не го очекуваше

Селекцијата на Србијa, актуелниот олимписки првак во ватерполо, приреди подвиг во полуфиналето од Шпанија и ќе ја брани титулата против Грција.

Финале што никој не го очекуваше по полуфиналните пресметки денеска во Токио. Филип Филиповиќ е јунакот на Србите и тој го постигна победничкиот гол за финале на 26 секунди до крајот на драматичното второ полуфинале.

Србија славеше со 10:9, а клучен беше последниот период. По предноста на бранителот на титулата од 2:0 во првата четвртина, Шпанците возвратија со серија од 4:0, но пропуштија златна шанса за финале. Водеа на двапати и со по три гола, но финишот им припадна на олимписките шампиони од Рио.

На полувреме беше 5:4 за Шпанија, а потоа и 7:4 со два гола по ред. Србите се обидоа да се вратат во игра и успеаја да слават во драматичен финиш. Последниот период им припадна со 6:4, доволно за триумф со еден гол разлика во драматичен меч.

Србија ќе има шанса за второ олимписко злато, откако беа шампиони на минатите Игри во Бразил. Грција по триумфот против Унгарија со 9:6 за првпат ќе игра меч за златен олимписки медал, а финалето во ватерполо е на распоред во недела.

- Оглас -

Најнови вести