Србија со максимални три од три, Грузија го потврди пласманот во следната рунда

Кошаркарите на Србија со три од три и како првопласирани патуваат во следната фаза на Светското првенство во Јапонија, Филипини и Индонезија. По победите над Кина со 42 поени разлика и над Порторико со 17 поени, нова „жртва“ на репрезентацијата на Србија беше селекцијата на Јужен Судан, која доживеа вистински дебакл и загуби со убедливи 115-83.

Србија уште од самиот старт на мечот диктираше темпо и не му даде ниту надеж на противникот дека може да направи нешто повеќе. Како илустрација за случувањата на теренот е и фактот дека Србија ги доби сите четири четвртини.

Никола Јовиќ со 25 поени и Богдан Богдановиќ со 23 поени беа најдобри поединци на мечот.

Убедлив настап имаше и селекцијата на САД која со 110-62 го совлада Јордан и настапите во првата рунда ги заврши со три победи во рамки на групата Ц.
Ентони Едвардс со 22 поени ја предводеше листата на стрелци кај САД, додека на спротивната страна се истакна Рандае Холис-Џеферсон со 20 постигнати поени.

Репрезентацијата на Грузија ја забележа и втората победа на Светското првенство, со што и теоретски го обезбеди пласманот во следната рунда. Грузијците денес беа поуспешни од селекцијата на Венецуела со 70-59 и заедно со Словенија продолжуваат во осминафиналето.

Најдобар поединец на мечот беше Грузиецот Шенгелија со 25 поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести