Србија стаса до Кина со победа против Израел

Србија го декласира Израел во директен дуел за пласман на Светското првенство и со победа од 97:76 си обезбеди настап со елитата во битка за шампионската круна.

Како домаќини во Белград, Србите лесно се справија со Израелците, а мечот беше решен по првото полувреме, што го доби фаворитот со 49:33.

И во продолжението избраниците на Александар Ѓорѓевиќ беа подобри, па на крајот со убедлива победа од 21 поен  разлика го прославија успехот и учеството на СП оваа година во Кина.

Со победа против Финска исто така на домашен терен и Русите си обезбедија учество на СП, а славеа со 91:76.

- Оглас -

Најнови вести