Србинот кој почина по повредите од скок во Охридското езеро бил фудбалер

Српскиот фудбалер Никола Стевановиќ Коле (26) од селото Доње Крајинце кај Лесковац починал во Скопје, каде што 12 дена се борел за живот откако се здобил со повреда при скокање од карпа во водите на Охридското Езеро, каде што бил на летување.

Тој бил на одмор во Охрид со своите пријатели и за разладување во водите на Охридското Езеро, скокнал, при што удрил во подводна карпа и го скршил вратот и шестиот пршлен. Бил опериран и не се разбудил од комата.

Стевановиќ ги поминал сите младински селектори на ФК Дубочица, играл како центарфор, а настапувал и за клубовите Кумарево, Полет, Слога. Во следната сезона требало да игра за ОФК Морава од Лесковац.

- Оглас -

Најнови вести