Србинот на слатки маки, бира меѓу два италијански гиганти

Фиорентина одреди рок до кога Интер и Јувентус може да испратат понуди за српскиот дефанзивец Никола Миленковиќ. Виолетовите ќе чекаат до крајот на првата недела од август, а потоа ќе му ја затворат вратата на стоперот.

Клубот од Фиренца ќе се согласи на трансфер доколку понудата биде меѓу 15 и 20 милиони евра, што е прифатливо за двата италијански гиганти. Наводно наскоро ќе се остварат официјални контакти, па затоа популарниот Блеки е на слатки маки и ќе треба да бира дали со Интер или со Јувентус ќе тргне во лов на титули.

Миленковиќ има прилика повторно да заигра со репрезентативниот колега Душан Влаховиќ, односно да се пресели во Градот на Модата и да го облече сино-црниот дрес.

- Оглас -

Најнови вести