Србите Ѓоковиќ и Типсаревиќ без комплекси им честитаа на Хрватите

Новак Ѓоковиќ наиде на поделени коментари од српските љубители на спортот по неговата искрена честитка до репрезентацијата на Хрватска за освојувањето на Дејвис купот. За некои, најдобриот тенисер на светот покажал дека е голем човек без комплекси, а оние националистички настроените сметаат дека не му бил потребен ваквиот потег.

„Им честитам на хрватските репрезентативци за освоениот Дејвис куп. Овие момци се врвни тенисери, но повеќе од тоа и прекрасни луѓе, кои исклучително ги ценам и почитувам. Убава е фотографијата на која двата тима по завршениот дуел си покажуваат меѓусебно почитување. Ова ја покажува целата убавина и моќ на спортот“, напиша Ѓоковиќ на својот „Твитер“.

Хрватска има две титули во Дејвис купот, во 2005 и сега, со што ја престигна Србија, која има еден ваков трофеј. На Хрватите им честиташе и Јанко Типсаревиќ.

„Секоја чест за Хрватска за освоениот Дејвис куп. Честитки момци, браво“, порача Јанко.

 

- Оглас -

Најнови вести