Србите ја обвинуваат Црна Гора за намерен пораз во ватерполо-дербито

Српската ватерполо репрезентација утринава убедливо го доби дербито против Црна Гора со 13-6 во мечот од петтото коло во групите, но медиумите од нашиот северен сосед ја обвинуваат Црна Гора дека намерно загубила со толку голема разлика.

Имено, Црногорците калкулирале за да бидат четврти во групата Б и да го избегнат светскиот првак Италија, а за противник во четвртфиналето го добија националниот состав на Грција. Со победата Србите завршија на третото место и токму против Аѕурите ќе се борат за пласман во полуфиналето.

„Секој натпревар на олимпискиот турнир е важен, а во победата над Црна Гора покажавме дека сме на вистински пат. Не сакавме ништо да оставиме на случајот, но резултатот е во втор план бидејќи се виде дека ватерполистите на Црна Гора не сакаа да се борат до крајот, што не е вообичаено за нив кога играат против нас“, истакна Филип Филиповиќ, капитенот на српската ватерполо селекција.

Инаку, првото место во групата Б го освои Шпанија која ќе игра против САД во топ 8 фазата, Хрватска како втора ќе се пресмета со европскиот првак Унгарија.

- Оглас -

Најнови вести