Србите кои живеат во Швајцарија, најавуваат инвазија на Берн

Српскиот шампион Црвена ѕвезда ќе има силна поддршка од своите фанови на гостувањето кај Јанг бојс во Берн, најмногу од гастарбајтерите кои работат во Швајцарија.

На надвозник на автопатот во близина за градот Базел се појави транспарент на кој со црвени букви на српски јазик пишува „Сите во Берн“.

Интересот за мечот е огромен, важноста е голема, тој што ќе победи, оди во групите од ЛШ. Познато е дека српската дијаспора во Швајцарија е бројна и фудбалерите на Ѕвезда ќе имаат поддршка од трибините. Се очекува да има околу 5 000 Срби, иако накај Берн ќе тргнат и многу повеќе со надеж дека ќе најдат билети.

- Оглас -

Најнови вести