„Сребрените стрели“ најбрзи и на Силверстоун

Валтери Ботас за само 6 илјадити делови од секундата беше побрз од Луис Хамилтон од Мерцедес и клупските колеги ќе тргнат од првиот ред на утрешната трка на патеката Силверстоун за големата награда на Велика Британија. Трети е Шарл Леклер со 79 илјадитинки послабо време од Финецот.

Според она што можеше да се види на официјалните квалификации, голема улога на трката ќе имаат временските услови и како ќе реагираат гумите. Себастијан Фетел од Ферари ќе има поразлични гуми од конкурентите на стартот, па ќе биде интересно да се види чија тактика ќе биде подобра. На Фетел не му се исплатеше ризикот со меките гуми и тој ќе тргне дури од шестата позиција.

Хамилтон утре може да стане најуспешниот пилот во историјата според победите на трката во неговата родна земја, но ќе треба да води голема битка за Ботас и Леклер кои истотака беа доста брзи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести