35.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Сребрените (црните) стрели фаворити, Австрија подготвена за најбрзиот циркус

Со трката за Големата награда на Австрија ќе се назначи стартот на новата сезона во Формула 1. По неколкумесечната неизвесност дали и во кој формат ќе почне сезоната, најбрзиот циркус најде начин како да се врати на програмата, а патеката „Ред бул ринг“ ќе ја има честа прва да ја трпи жештината на пневматиците и адреналинот.

Вчерашните тренинзи покажаа дека некои работи не се смениле. Како на пример, фаворитската улога во секоја трка и натаму му припаѓа на актуелниот светски првак Луис Хамилтон. Британецот со својата „сребрена стрела“, која за оваа сезона е префарбана во црно како поддршка за движењето „Црните животи се важни“, вчера беше најбрз на тренинзите, а веднаш зад него беше тимскиот колега Валтери Ботас.

Точно на пладне ќе се одржи последниот тренинг пред двете рунди квалификации кои се закажани за 15, односно 16 часот. Трката е закажана за утре со почеток во 15:10 часот.

- Оглас -

Најнови вести