Средниот прст на Каваи Ленард го одлучи победникот на мечот Клиперс – Денвер (Фото+Видео)

Бостон селтикс поведе со 3-2 против актуелниот првак Торонто репторс, а Лос Анџелес клиперс има позитива од 2-1 против Денвер нагетс, по синоќешните два натпревари во НБА плејофот.

Келтите беа убедливи против Рептилите со 111-89. Канадскиот тим во првата четвртина даде само 11 поени, а во втората Бостон даде 37 поени, два повеќе од Торонто во целото прво полувреме, па уште на пауза се навестуваше исходот. Џејлен Браун со 27 и Кемба Вокер со 21 поен, беа предводници на победничкиот тим, кој е на една победа од источното финале.

Клиперс беше подобар од Нагетс со 113-107. Никола Јокиќ на едната и Пол Џорџ на другата страна дадоа по 32 поени, но Џорџ имаше порасположени соиграчи како Каваи Ленард кој имаше 23 поени, 14 скока, шест асистенции и две блокади, од кои едната брутална над Џамал Мареј на 1,47 минути до крајот беше можеби и решавачка околу победникот.

Мареј сакаше да забие преку Ракавицата, но обидот заврши неуспешно. Погледнете го најатрактивниот момент на средбата и блокадата на Ленард во која клучен беше неговиот долг среден прст на левата рака:

- Оглас -

Најнови вести