Средношколец, белец, трча 100 метри за помалку од 10 секунди (Видео)

Метју Болинг кој во јуни ќе наполни 19 години, на еден средношколски митинг во сојузната држава Тексас во САД, патеката од 100 метри ја истрча за 9,98 секунди, што е феноменален резултат за толку младо момче, особено што станува збор за атлетичар од бела раса.

Иако „белата молња“ ја уништи конкуренцијата со време какво што имаат само финалисти на најголемите натпреварувања, ова нема да биде запишано како средношколски рекорд, бидејќи организаторите процениле оти ветерот во грб му помогнал со дување двојно посилно од дозволеното. Така, најбрзо време на 100 метри од еден средношколец останува 10 секунди, постравено во 2014 година од Трентавис Фрејдеј.

Најбрзото време досега кое го има поставено еден бел атлетичар на најкратката трка на отворено е 9.92 секунди, од Французинот Кристоф Леметр.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести