Среќа го извадија од игра – Демир за малку ќе ги репризираше епските утки на Палермо

Мухамет Демир се покажа како многу лош пеналџија вечерва за Газијантеп против Ризеспор и двапати во кус рок од пет минути утна удари од белата точка.

Можеби ќе имаше и време за уште една утка од 11 метри, но тренерот Мариуш Шумудица само четири минути по второто промашување на Демир одлучи да го извади од игра индиспонираниот играч на домаќините од игра.

Gaziantep striker Muhammet Demir misses 2 penalties in 5 minutes from soccer

За среќа на Газијантеп, утките на 28-годишниот фудбалер не беа кобни, па домаќините го победија Ризе со 2:0. Рекордер со епските утки на Копа Америка во 1999 година е легендарниот аргентински ас Мартин Палермо, а вечерва Демир му се закани со реприза, но немаше шанса за уште еден пенал.

 

- Оглас -

Најнови вести