Среќата им се насмевна на Андоновски и САД и ги однесе во осминафиналето на женското СП

Женската фудбалска репрезентација на САД која ја предводи Македонецот Влатко Андоновски одигра без голови против Португалија во последното трето коло во групата Е на Светското првенство кое се игра во Австралија и Нов Зеланд.

Португалките имаа шанса во судиското продолжение да ги шокираат Американките, но Капета во 91-vaта минута го погоди дирекот.

САД, кои се актуелни светски шампионки, го освоија второто место во групата Е со четири бода, зад Холандија, која со денешната убедлива победа над Виетнам од 7:0 заврши како првопласирана.

САД во осминафиналето ќе игра против првопласираната селекција од групата Г. Лидер на табелата е Шведска со две победи во првите две кола и утре ќе ` биде потребен само еден бод во мечот со Аргентина за да го завери првото место.

- Оглас -

Најнови вести