Срѓан Ѓоковиќ: Имам позитивен скор против Новак, тоа го немаат ни Федерер, ни Надал

Таткото на најдобриот планетарен тенисер Новак Ѓоковиќ, Срѓан, се пофали со еден статистички показател каков што имаат многу малку професионални тенисери. Срѓан Ѓоковиќ откри дека тој е еден од ретките кои имаат повеќе победи од порази во дуелите со Новак.

„Јас сум еден од ретките кои имаат сериозно позитивен скор во мечевите против Новак. А, потоа кога почнав да губам од него, кога тој наполни 11 години, веќе не игравме. До неговата 11-та година, јас победував. Сега можам да победам некои мои врсници, пред некој ден со 9-0 победив еден претседател на спортски сојуз во Белград, кој мисли дека знае да игра тенис“ – рече Ѓоковиќ сениор, кој беше добро расположен за шеги додека гледаше како неговиот син го добива мечеот со Кајл Едмунд.

Инаку негативен биланс во дуелите со Ѓоковиќ имаат и Роџер Федерер и Рафаел Надал.

- Оглас -

Најнови вести