Српски фудбалер се сруши на теренот, соиграчите со солзи во очите гледаа додека му се укажуваше помош (Видео)

Натпреварот од шпанската трета лига помеѓу Кордоба и Расинг Ферол не го дочека својот крај и е прекината при резултат 1-1. Причината е здравствениот проблем кој го имаше српскиот интернационалец Драгиша Гудељ, брат на репрезентативецот Немања Гудељ, кој ненадејно се сруши на теренот и остана да лежи неподвижен.

Додека целиот стадион беше во молк, фудбалерот без пулс лежеше на теренот. Лекарската екипа веднаш започна со реанимација, а останатите играчи со солзи во очите гледаа што се случува. За среќа, Гудељ се освести и со возило на Итна помош беше пренесен во најблиската болница.

Според последните информации, Гудељ е во стабилна состојба и се чувствува добро. Причината за здравствените проблеми се уште не е позната.

- Оглас -

Најнови вести