Српски навивач е хит во Кина – Му фали уште обрач за комплетен баскет амбиент (Фото)

Србија сигурно гази на Светското првенство во Кина и реди само победи, и тоа многу убедливи, а еден од нивните навивачи е вистински хит со колоритот, но и необичните украси што ги носи на себе.

Пресечен баскет на главата и мрежичка од кош околу вратот, па за комплетен баскет амбиент му фали само обрач, се шегуваат кошаркарските фанатици што го забележаа српскиот навивач на трибините.

Србија е на прагот на четврт-финалето, а им треба пораз на Италијанците од Шпанија во меч што е во тек за да имаат сигурен настап во нокаут-фазата на кошаркарскиот Мундијал во Кина.

- Оглас -

Најнови вести