Српски репрезентативец има коронавирус

После Ругани од Јувентус и петмина играчи и лекарот на Сампдорија, во италијанската Серија А се појави и седми случај на коронавирус. Станува збор за Србинот Душан Влаховиќ, па сега тој е ставен во карантин, а клубот ќе ги спроведе сите неопходни мерки на тестирање да одат сите лица кои имале контакт со него.

Влаховиќ е дома и добро се чувствува. Тој сезонава на 27 меча даде девет гола, а имаше и две асистенции.

- Оглас -

Најнови вести