Српскиот селектор со желба: Сакам Хрватска да стане европски првак

Србија неславно ги заврши настапите на ракометното ЕП откако загуби во сите три меча од групната фаза. Во последното трето коло, Србија беше поразена од Хрватска со 24:21. Коцкестите имаа подршка од околу 5.000 навивачи, а Ненад Перуничиќ,  селекторот на Србија, беше воодушевен од атмосферата. Перуничиќ изјави дека би сакал Хрватите да стигнат до златото и тоа најмногу поради навивачите што ги имаат.

„Сакам Хрватска да освои злато и тоа поради навивачите кои ги има. Би сакал такво нешто да ни се случи и нам, а не да останеме сами како што бевме тука во Грац. Жал ми е што ние немавме подршка од нашите фанови. Многу Срби живеат во Виена, а тоа не е далеку од Грац. Би сакал да почувствуваат поголема приврзаност кон репрезентацијата. Кога ќе видам со колкава страст навивачите на Хрватска се заедно со својата репрезентација, би сакал такво нешто да биде и со Србија“, рече Перуничиќ по синоќешниот пораз од Хрватска.

 

- Оглас -

Најнови вести