Српскиот змеј на Порто е опасен глумец, ги насмеа и коментаторите (Видео)

Марко Грујиќ вешто задржуваше време во финишот на продолженијата на дуелот на кој Порто го елиминира Јувентус, а неговата реакција и потег ги насмеа и коментаторите.

Грујиќ беше фаулиран, па одлучи малку и да задржува време, а камерите го фатија како ѕирка да види што се случува на теренот и дали Рабио ќе добие втор жолт картон и автоматско исклучување.

Реакцијата на српскиот репрезентативец е хит на социјалните мрежи, но на вакви натпревари целта ги оправдува средствата, а Порто успеа да ја оствари целта и да го елиминира Јувентус, иако долго време играше со фудбалер помалку на теренот.

https://twitter.com/FootyRustling/status/1369418798030282756?s=20

Реакцијата на Грујиќ многу потсетува на потегот на Серхио Бускетс во 2010 година, кога и играчот на Барселона симулираше тежок фаул и ѕиркаше да провери дали Тијаго Мота ќе добие црвен картон.

 

- Оглас -

Најнови вести